15 најбогати држави на светот: На врвот на листата се најде една малечка земја во која има повеќе работници отколку жители

Супермен

07/02/2023

11:17

5.963

Големина на фонт

а а а

На листата на 15 најбогати држави во светот се најдоа дури 10 европски, а покрај Сингапур и САД тука се и земјите богати со нафта од Блискиот исток.

Ранг-листата на најбогати земји на светот составена е врз основа на БДП паритетот на куповната моќ по жител (ППП). БДП, бруто домашен производ, ја покажува вредноста на финалниот избор и услуги произведени во одредена земја за една година, а за да се добие ППП, БДП се дели со просечниот број на жители во истата година.

Плата барем 5 илјади евра

Познат по високите примања и ниската стапка на невработеност, Луксембург повторно е прогласена за најбогата држава на светот. Има многу развиен банкарски сектор и е даночен рај за инвеститорите. Главниот „виновник“ за високото БДП во Луксембург е тоа што голем број луѓе работат таму, а живеат во соседните држави.

Луксембург има и најмала стапка на невработеност во цела Европа, веќе 40 години, а во 2005 година бил на 92-то место на пописот најбогати земји на Светскиот економски форум.

Втората држава на листата е Сингапур, земјата без природни ресурси, но исто така поволна за странските инвеститори и глобално финансиско седиште. Катар, едно од главните седишта на извори на нафта е на четвртото место, а пред него се најде Ирска.

Листата на 15 најбогати држави на светот изгледа вака:

1. Луксембург (Жители: 625.978, БДП per capita: 131.045 евра)

2. Сингапур (Жители: 5.850.342, БДП per capita: 122.656 евра)



3. Ирска (Жители: 4.937.786, БДП per capita: 116.146 евра)

4. Катар (Жители: 2.881.053, БДП per capita: 105.130 евра)

5. Швајцарија (Жители: 8.654.622, БДП per capita: 78.909 евра)

6. Oбедитени Арапски Емирати (Жители: 9.890.402, БДП per capita: 72.941 евра)

7. Норвешка (Жители: 5.421,241, БДП per capita: 72.524 евра)

8. САД (Жители: 331.002.651, БДП per capita: 70.862 евра)

9. Брунеј (Жители: 437.479, БДП per capita: 69.861 евра)

10. Сан Марино (Жители: 33.931, БДП per capita: 65.374 евра)

11. Данска (Жители: 5.792.202, БДП per capita: 64.567 евра)


12. Холандија (Жители: 17.134.872, БДП per capita: 63.914 евра)

13. Австрија (Жители: 9.006.398, БДП per capita: 60.352 евра)

14. Исланд (Жители: 341.243, БДП per capita: 60.231 евра)

15. Андора (Жители: 77.265, БДП per capita: 59.279 евра)



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk