(Фото) Колку би можел да чини „iPhone 15“ – откриени и детали за неговиот дизајн

Супермен

24/03/2023

18:27

5.456

Големина на фонт

а а а

Со месеци кружат гласини за новите телефони од компанијата „Apple“, а сега се појавија и некои информации во врска со цената и дизајнот на „iPhone 15“ серијата.

Се очекува „iPhone 15“ серијата да биде поскапа во однос на актуелните модели, а најновите гласини укажуваат на можни цени на претстојните модели.

Така се сугерира дека стандардниот „iPhone 15“ ќе има цена од 799 долари, додека „iPhone 15 Plus“ ќе чини 899 долари.

Моделите „iPhone 15 Pro“ и „iPhone 15 Max“ ќе стигнат во четири варијанти, па така „Pro“ ќе биде достапен по цени од 1.199, 1.299, 1.499 и 1.699 долари, додека „Max“ би требало да чини 1.299, 1.399, 1.599 и 1.799 долари.

Кога станува збор за дизајнот се појавија и фотографии од стаклените панели на комплетната „iPhone 15“ линија, а тие покажуваат дека сите модели ќе имаат „Dynamic Island“. Покрај тоа, претходно се дознало дека телефоните ќе ги краси и потесна рамка (1,5 милиметри) околу екранот.

Се појавија и новите рендери за „iPhone 15 Pro“ кои укажуваат на премиум рамки од титаниум коишто ќе ги заменат оние од не’рѓосувачки челик, а треба телефонот да го направат поиздржлив и полесен.

Исто така знаеме дека стандардните „iPhone 15“ модели ќе ги краси минатогодишниот А16 Bionic чипсет, додека Pro моделите треба да добијат нова верзија на A17 Bionic чипсет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk