Творецот на „Terminator“ вели дека вештачката интелигенција можеби веќе го освоила светот: „Дали имате подобро објаснување за оваа апсурдна состојба?“

Супермен

27/03/2023

17:30

5.066

Големина на фонт

а а а

По речиси 40 години од објавувањето на првиот филм за „Terminator“ во 1984 година, Џејмс Камерон смета дека сме поблиску до подемот на таквата технологија отколку што се мисли.

Како режисер на необични, но и критички фалени филмови како „Aliens“ и „Avatar“, Камерон покажа дека е многу креативен кога размислува за иднината на технологијата и за тоа што таа би можела да значи за светот.

Во текот на појавувањето во поткастот „SmartLess“ кој го водат актерите Вил Арнет, Џејсон Бејтман и Шон Хејс, режисерот зборувал за тоа дали подемот на машините, како заплетот на „Terminator“, е можен, пренесува „Wales Online“.


Признавајќи го значајниот технолошки напредок во последните децении, Камерон признал дека не се плаши, но е прилично „загрижен поради потенцијалот за злоупотреба на вештачката интелигенција“.

 „Мислам дека вештачката интелигенција може да биде одлична, но исто така може буквално да донесе крај на светот“, изјавил 68-годишниот режисер.

„Дали навистина сакаме да се бориме против нешто попаметно од нас, нешто што не сме ние во нашиот свет? Мислам дека не“, додал тој.


„Вештачката интелигенција можеби веќе го освоила светот и манипулира со него, но ние едноставно не го знаеме тоа, бидејќи би имала целосна контрола над медиумите и сè останато. Дали имате подобро објаснување за оваа апсурдна состојба на светот? За мене ништо нема подобра смисла од тоа“, додал Оскаровецот.

Причината за ваквата загриженост околу технологијата се зголемува со секој нов напредок кој „OpenAI“ го прави со својот „ChatGPT“ софтвер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk