Сопругата на Хакими за обвиненијата за силување: „Секогаш ќе бидам на страната на жртвата“

Супермен

29/03/2023

17:23

7.828

Големина на фонт

а а а

Хиба Абук, сопруга на фудбалерот на ПСЖ Ашраф Хакими, проговори за обвиненијата за силување и нивниот развод. Имено, Хакими е обвинет за силување од страна на една девојка, по што беше објавено дека Хиба и фудбалерот се разведуваат.

Хиба тврди дека таа и Хакими биле разделени неколку недели пред да излезат обвиненијата на негова сметка.

„Вистината е дека пред некое време, по долго размислување, таткото на моите деца и јас донесовме одлука да ја прекинеме врската, многу пред настаните во кои бев вмешана во медиумите и за кои бев потполно несвесна“, изјавила таа за шпанскиот „El Pais“.


„Откако донесовме одлука законски да се разделиме и да престанеме да живееме заедно, чекајќи ја бракоразводната парница, кој би помислил дека, освен соочувањето со вообичаената болка која доаѓа со раздвоеноста и прифаќањето на таа болка поради неуспехот на семејниот проект во кој го дадов телото и душата, ќе морам да се соочам и со овој срам?“, додала Хиба.

„Секогаш ќе бидам на страната на жртвата“

Абук од почетокот на својата актерска кариера е активистка за човекови права.

„Се подразбира дека во својот живот секогаш сум била и секогаш ќе бидам на страната на жртвата. Затоа, со оглед на сериозноста на обвиненијата, можеме да веруваме само во добрата работа на правосудството“, вели таа.

За потсетување, 24-годишна девојка го обвини Хакими за силување. Наводно, додека Хиба била со децата во Дубаи, тој ја повикал девојката во својот дом откако некое време се допишувале преку Инстаграм.

„Во неговиот дом работите излегоа надвор од контрола. Ме бакнуваше во уста, ми ја тргна облеката од градите иако му реков дека не сакам да го прави тоа. Ме допираше по вагината иако не сакав да го прави тоа“, е наведено во сведочењето на жртвата.

Француските медиуми објавија дека таа успеала да го оттурне фудбалерот од себе и да повика некој од своите пријатели да дојде по неа. Хакими ги демантираше ваквите обвиненија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk