Некогаш најубавото девојче на светот сега има 21 година и ги освојува модните писти ширум светот

Точка

30/03/2023

18:52

6.006

Големина на фонт

а а а

Тилан Блондо беше најубавото девојче на светот, сега има 21 година и ги освојува модните писти ширум светот.

Убавата Тилан спремно им позирала на фотографите на модната недела во Париз. Веќе на 16-годишна возраст, таа стана заштитно лице на L'Oréal, а потоа создаде и свој бренд „Heaven May“.


Таа е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и француската актерка Вероника Лубри. Таа беше дете модел, а дебитираше на модната писта за возрасни во 2017 година за Долче и Габана во Милано.


Фотографијата од сериозно шестгодишно дете пред 15 години го обиколи светот, а медиумите ја прогласија синооката Французинка за најубавото девојче на светот.


Денес таа гради успешна кариера како модел, а порано многу луѓе им велеа на нејзините родители дека го уништуваат животот на нивното дете дозволувајќи му да живее како модел уште од најраното детство.


Младата Тилен е популарна и на социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат 6,6 милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk