Хонгконг повеќе не е најскапиот град за купување недвижнини – го надмина „градот на лавовите“

Супермен

01/06/2023

12:25

6.103

Големина на фонт

а а а

Цените на куќите во Хонгконг „значително се намалиле“ во 2022 година, а причините се значајно зголемените каматни стапки на кредитите.

Недвижнините за престој во Сингапур сега се најскапи во Азија и Пацификот, тие ги престигнале и оние во Хонгконг, покажуваат најновите податоци.

Средната цена на приватните куќи во Сингапур изнесувала 1,2 милиони долари во 2022 година, во споредба со 1,16 милиони долари во Хонгконг.

Приватните куќи за изнајмување во Сингапур исто така имале најголема месечна кирија во регионот од 2.600 долари, што е многу повеќе од градовите како што се Сиднеј, Мелбурн и Хонгконг.


Извештајот се потпирал на владините статистики од 45 градови на девет пазари во Азија и Пацификот, додека се мерела достапноста на недвижнините за живот и за изнајмување, во однос на средниот приход на домаќинствата, пренесува „CNBC“.

Цените на куќите во Хонгконг значително се намалиле во 2022 година, а причината е значајното зголемување на каматните стапки на кредитите. Во октомври цените на куќите во Хонгконг се намалиле на најниско ниво во последните пет години затоа што зголемувањето на каматните стапки ги зголемило цените на задолжување.

Претходно, монетарната власт во Хонгконг ја зголемила основната каматна стапка на 5,5 отсто по што американската централна банка ја зголемила стапката на федералните фондови до 5,25 отсто.

Покрај тоа нето одливот на жителите и помалиот оптимистичен поглед на локалниот пазар на недвижнини исто така ја намалил средната цена на становите во Хонгконг за 8,7 отсто од 1,27 милиони долари во 2021 година на околу 1,16 милиони долари во 2022 година.


Во меѓувреме приватните куќи во Сингапур ги надминале оние во Хонгконг како најскапи во Азија и Пацификот со просечна цена која се зголемила за над 8 отсто во текот од минатата година.

Владата на Сингапур изјавила дека локалните и странските купувачи на станбени објекти ќе мора да плаќаат поголеми даноци. Приватните куќи за изнајмување во Сингапур имаат најголема месечна кирија во тој регион која се зголемила за речиси 30 отсто во текот на 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk