(Фото/Видео) Пирс Броснан сними модна кампања за „Paul&Shark“ со синот Парис, фотографиите ја воодушевија јавноста

Супермен

21/09/2023

12:55

6.286

Големина на фонт

а а а

Актерот Пирс Броснан (70) сними модна кампања за есенско-зимската колекција на брендот „Paul&Shark“ со најмладиот син Парис (22).

Кампањата излезе во јавноста пред неколку дена, а обожавателите на актерот се воодушевени. Многумина коментираат дека многу им се допаѓа тоа што лицето на Пирс на фотографиите не е ретуширано и подмладено.

Кампањата го носи името „Приказна за татко и син“ (A Father and Son Tale), а ја снимил фотографот Џампаоло Сгура. Пирс и Парис позирале во капути, елегантни кошули и џемпери одбрани од страна на Ана Дело Русо.

Инаку, освен Парис, Пирс го има и синот Дилан со сопругата Кили Шеј Смит. Од бракот со покојната сопруга Касандра, која почина по тешко боледување има 3 деца, Шарлот, Шон и Кристофер.

Броснан често зборува за тоа колку Кили му помогнала да го преброди тешкиот период и го извлекла од депресија, а нагласува и колку му помогнала кога неговата ќерка Шарлот почина од рак на јајници на 42-годишна возраст, во 2013 година, како нејзината мајка Касандра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk