Дали размислувате за промена на професијата? Поголеми примања? Тогаш оваа приказна би можела да ве заинтересира.
Веднаш да истакнеме дека се работи неколку дена годишно, а заработката е неверојатна – 130.000 долари. Сè што треба да направите е да замените светилка, но постои еден трик.
Најважно е да не се плашите од висина, бидејќи „работното место“ се наоѓа на 600 метри надморска височина. Поточно, станува збор за сигнална кула со исклучително тенка конструкција на која мора да се качите.
Сè уште сте заинтересирани? Оваа приказна е позната со години наназад, но корисниците на социјалните мрежи се и понатаму шокирани од сознанието дека постои ваква „професија“.
Дополнително, евидентиран е хроничен недостаток на кадар, што донекаде е разбирливо кога ќе се земат сите околности предвид.
„Овој вид сигнална кула нема заштитни ниту транспортни системи, па мора да се потпирате на јаже и сопствените вештини“, се наведува на ТикТок видеото.
Што е потребно за да го работите ова? Прво, не смеете да се плашите од висина и второ, мора да бидете исклучително физички спремни бидејќи се потребни 3 часа за да се искачите на кулата и уште 3 за да се симнете.
Да не ги заборавиме и ветровите кои достигнуваат брзина од 100 км/ч...
На крај, да напоменеме дека платата варира во зависност од локацијата, висината на кулата и други специфичности.