[ФОТО] Тие се најголемите модни икони на поранешна Југославија: Aвтентичноста е во нивната ДНК и еве зошто никој не може да ги копира

Супермен

27/03/2024

16:30

6.046

Големина на фонт

а а а

Додека многумина се трудат да ги следат модните трендови, тие креирале свој стил, кој со текот на времето станал тренд сам по себе, а воопшто не е лесно да се следи – речиси па невозможно.

Нивните модни изрази се создадени како одраз на нивните личности. Тие и те како умеат да ги направат своите модни изданија инспиративни за другите, но најважната порака која ја испратиле со нивната мода, гласи: „Бидете свои“.

Слаѓана Милошевиќ, Јосипа Лисац и Беби Дол, како вистински модни икони на Југославија, ја испратиле таа порака.


Тие со својот автентичен стил покажале колку модата е важен дел од имиџот на секоја музичка ѕвезда. И колку и да биле нивните стајлинзи впечатливи, не биле нималку нападни или следени од желбата да се истакнат по секоја цена, што обично го прават оние кои имаат тенденција да копираат.

Слаѓана Милошевиќ – панк дама

Познатата Александра Слаѓана Милошевиќ, која почина вчера На 69-годишна возраст, била вистински чекор напред од сето она што дотогаш се прикажувало на музичката сцена. Сонувала да биде научник и да работи во НАСА, а потоа се свртела кон музиката.


За неа, модата била средство за изразување која е всушност таа, покрај песните. За неа, модата била и поле каде што експериментирала и се поигрувала со границите, исто како и во панк музиката. Панк дамата, од својот стил направила посебна приказна, која формирала совршена хармонија со нумерите кои ги изведувала.

Во приказната за Слаѓана Милошевиќ која во 1978 година за Денот на младоста осамнала на насловната страница на „Duga“, наместо Јосип Броз Тито – немало ништо обично, па зарем нејзиниот начин на облекување можел да биде поинаков освен ексцентричен?


Јосипа Лисац – Авангарда

Знаете како интерпретацијата на Јосипа Лисац е сосема единствена, таков е и нејзиниот стил. Со својот глас ја води публиката во царството на емоциите уште од 1967 година, а нејзиниот моден манир со текот на времето станувал сè повеќе авангарден.

Замислете некој толку години да е пред своето време и да пласира мода која може да се спореди со светските дизајнери по креативноста. Но, Јосипа Лисац е целосно надвор од категоријата време, безвременска, а патувањето со неа во неистражените димензии на модата е секогаш возбудливо искуство.


Беби Дол – Поп рок шик

Драгана Шариќ или Беби Дол е уште еден пример за тоа како автентичноста во гласот и стилот на облекување одат „рака под рака“. Сите овие пејачки се познати по тоа што го имаат најоригиналниот можен глас, па нивниот можен манир се надоврзал на тоа.

Голем дел од она што го носеле Беби Дол, Слаѓана и Јосипа пред многу години, сега е претставено како некој нов тренд или нова идеја. А модните изданија во кои се претставувале на јавноста секогаш биле модерни, впрочем таква е оригиналната мода.


Беби Дол вешто го комбинира целиот спектар на бои, нејзиниот принцип „повеќе е секогаш повеќе“ при изборот на модни детали е бескрајно интересен и имагинативен. „Тоа е стилот на Беби Дол“, се коментираат нејзините стајлинзи, а таа дефинитивно започна моден правец кој заслужено треба да го носи нејзиното име.

Констракта – Потполно поинаква

Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, ја размрда домашната и регионалната сцена. Таа ја потсети публиката на моќта на автентичноста на една уметница која секако мора да има и такво влијание.


И колку и да се чини дека во денешно време трендовите и униформираноста победија, грешите. Погледнете ја само Констракта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk