[ФОТО] „Ресторан на иднината во Дубаи“: Прв ресторан кој ќе биде управуван од „AI“ готвач

Супермен

10/07/2025

13:46

424

Големина на фонт

а а а

Во Дубаи вашата вечера наскоро би можела да дојде со изворен код. „WOOHOO“, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи, на само еден чекор од највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа.

Храната (засега) ја подготвуваат луѓе но сè друго – вештачката интелигенција

Храната во „WOOHOO“ засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго, од менито до амбиентот и услугата, ќе биде дизајнирано од кулинарски модел генериран од вештачка интелигенција наречен шеф (готвач) Аиман (Chef Aiman).


Аиман, комбинација од зборовите „AI“ и „човек“, е обучен врз база на децении истражувања за науката за храна, податоци за молекуларен состав и повеќе од илјада рецепти од кулинарски традиции ширум светот, рече Ахмет Ојтун Чакир, еден од основачите на „WOOHOO“.

Иако Аиман не може да ги вкуси, помириса или да комуницира со своите јадења на начин на кој тоа инаку би го направил еден готвач, тој работи така што ги разложува јадењата на нивните составни делови, како што се текстура, киселост и така натаму, и ги составува во необични комбинации на вкусови и состојки, тврдат програмерите на Аиман.


Потоа тие прототипови ги усовршуваат човечки готвачи кои ги пробуваат комбинациите и даваат насоки, во настојувањето предводено од познатиот дубајски готвач Реиф Отман.

„Нивните одговори на моите предлози ми помагаат да го усовршам моето разбирање за тоа што функционира надвор од самите податоци“, објасни Аиман во интервју за интерактивниот модел на вештачка интелигенција.

Целта, тврдат не е да се заменат луѓето

Целта, велат креаторите на Аиман, не е да се замени човечкиот елемент во готвењето, туку да се надополни. „Човечкото готвење нема да биде заменето, но веруваме дека (Аиман) ќе ги подобри идеите и креативноста“, рече Ојтун Чакир, кој е и извршен директор на угостителска компанијата „Гастронаут“.


„Аиман“ е дизајниран да развива рецепти кои повторно ги користат состојките што рестораните често ги фрлаат, како што се остатоци од месо или маснотии, рече тој.

На долг рок, основачите на „WOOHOO“ веруваат дека Аиман“ би можел да добие лиценца за ресторани низ целиот свет, со што ќе се намали кујнскиот отпад и ќе се подобри одржливоста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk