Многумина се прашуваат зошто ѕвездата на фудбалот носи две имиња, а ова е неверојатната приказна за тоа како ги добил.
Кога 18-годишниот фудбалер Ламин Јамал се појавил на потпишување на новиот, 40 милиони вреден годишен договор со Барселона сите очекувале дека ќе дојде во придружба на менаџери, адвокати или цел ПР тим, меѓутоа младиот фудбалер, миленик на младите генерации се појавил рака под рака со својата баба Фатима.
De gala y con toda la familia en un día muy especial 👔 pic.twitter.com/WFED28VHeJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 16, 2025
Каталонскиот клуб и тинејџ сензацијата потпишале договор до 2031 година, а Јамал ќе носи дрес со нов број, култната „десетка“.
Пред него во Барселона овој број на грбот го носеле Меси, Роналдињо, Диего Марадона...
„Марадона, Меси, Роналдињо се легенди на фудбалот и овој клуб. Секое дете сонува да ископира нешто од нив. Ќе се обидам да го продолжам нивното наследство. Меси имаше свој пат, јас имам свој. Сега тој број дојде до мене. Работејќи напорно, ќе дадам сѐ од себе и ќе се обидам да ги направам среќни навивачите на Барселона“.
Дека семејниот живот е многу важен за голгетерот говори и анегдотата поврзана за неговото име.
Многумина се прашуваат зошто тој има две имиња, а оваа неверојатна приказна ќе ви покаже како тоа настанало.
Имено, неговата баба Фатима која го следела во клучниот момент во неговата кариера, всушност е заслужна за тоа што тој денес е таму каде што е.
Кога имала 40-на години, во 90-тите од Мароко се преселила во Шпанија, нашла работа како медицинска сестра и нејзината цел била да му помогне на своето семејство кое било многу сиромашно.
После одредено време успеала да ги донесе и своите синови таму, Абдула и Моунир. Моунир во Шпанија ја запознал Шила со која почнал да се забавува, меѓутоа и во Шпанија живееле многу тешко, одвај преживувале и имале доволно пари само за кирија.
За среќа имале двајца неразделни пријатели кои се викале Ламин и Јамал кои им помогнале кога им било најпотребно. Благодарение на нив, родителите на младиот фудбалер успеале да преживеат.
За возврат Шила и Моунир им ветиле дека доколку имаат машко дете ќе му го дадат името по нив двајца.
Во јули 2007 година тие го исполниле верувањето и на синот му го дале името Ламин Јамал. Сепак, тогаш не можеле ни да замислат дека тој ќе стане една од најголемите фудбалски ѕвезди.