Кој е Кристофер Брини, актерот којшто сите го споредуваат со Леонардо ди Каприо? Се прослави со серијата по која – „полудеа“ сите

Супермен

02/10/2025

10:25

757

Големина на фонт

а а а

Фановите на серијата „The Summer I Turned Pretty“, не престануваат да го коментираат шармот и изгледот на младиот актер, споредувајќи го со легендарниот Леонардо ди Каприо во неговите рани актерски години.

На социјалните мрежи има многу споредби, а многумина тврдат дека токму тој би можел да стане новиот тинејџ идол со успешна кариера.

Новата генерација на холивудски ѕвезди е тука, а меѓу имињата се спомнуваат Џејкоб Елорди и Тимоти Шаламе, но исто така најистакнато е името на Кристофер Брини.

Младиот актер во 2022 година го освои срцето на публиката со улогата на Конрад Фишер во серијата „The Summer I Turned Pretty“ и од тогаш неговата кариера само расте.

Но, кој е всушност Кристофер Брини, младото момче кое јавноста и фановите го нарекуваат наследник на Леонардо ди Каприо?

Од бејзбол терен до актерска сцена

Кристофер е роден на 24 март 1998 година во семејство кое живеело и дишело уметност. Неговите родители Мајк и Кели се запознале како актери во Њујорк, но Кристофер на почеток не сакал да оди по нивните стапки.

„Сакав да бидам мал бунтовник и да правам нешто поразлично“, изјавил во една прилика тој.

Неговата прва љубов е бејзболот, спортот на којшто бил посветен во текот на целото детство.

Сепак, генетиката го направила своето. Во текот на средното училиште се запишал во летната школа на Универзитетот Веслејан, каде професорите го препознале неговиот талент и го поттикнале сериозно да се занимава со актерство.

Иако не бил сигурен дека сака да се занимава со тоа, по средното училиште одлучил да прекине со актерството.

Откако го одбиле речиси сите факултети на кои се пријавил, се запишал глума во Њујорк. Таму запознал некои од своите најблиски пријатели и стекнал непроценливо знаење, а за да ги плати трошоците работел во локалната продавница „Trader Joe’s“.

Пробив со улогите кои го дефинирале

Откако дипломирал во 2020 година среде пандемијата, Брини се борел со плаќање на кирија. Сепак, упорноста се исплатила. Неговата прва професионална улога била во филмот „Daliland“ каде глумел со Бен Кингсли. Искуството на снимањето било толку интензивно што признал дека некои ноќи ги поминал на подот и размислувал за откажување.

Во текот на снимањето, по пат на Зум ја направил аудицијата за серијата „The Summer I Turned Pretty“, а улогата на Конрад Фишер на мрзелив и анксиозен тинејџер впуштен во љубовен триаголник го лансирала меѓу ѕвездите...

Новиот Леонардо ди Карпио?

Споредбите на младиот актер со Леонардо од 90-тите не престануваат. Обожавателите на социјалните мрежи непрекинато споделуваат фотографии на кои тие имаат сличности во изгледот.

Меѓутоа, сличноста не е само физичка, критичарите и публиката ја препознаваат способноста Брини истовремено да ја прикаже ранливоста, ароганцијата и длабоката емоционалност, што е синоним и за ди Каприо.

Живот надвор од рефлекторите

Без оглед на неговата слава, Кристофер останува цврсто на земја. Живее во Бруклин, вози мотор и се дружи со пријателите од факултет.

Во долгогодишна врска е со актерката Исабел Македо која ја запознал на факултет додека биле цимери. За неа вели дека е неговата карпа и дека без неа не може ништо. Отворено зборува за борбата со анксиозноста, поради што редовно посетува терапевти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk