Илон Маск му понудил интервју за работа поради објава на Редит, а потоа типот се огласил

Супермен

24/04/2019

21:02

7.671

Големина на фонт

а а а

Илон Маск му понудил разговор за работа на еден анонимен корисник на Редит под прекарот “GreenTheOnly” откако наишол на опширна и детална техничка анализа на “Tesla Hardware 3” кој анонимниот корисник ја објавил на платформата.

Откако ја прочитал објавата на “GreenTheOnly”, Маск ја споделил на Твитер и напишал: “Редит е “хардкор”. Воглавно точна анализа” по што додал: “Кој и да го направил ова, треба да дојде на интервју во Тесла”. 

Имено, јавно се огласил и “GreenTheOnly” кој го прашал Маск за полисата за “работење од дома” и “дали завршиле со отпуштањата засега”.

“Наводно во Тесла не дозволуваат работа од други места, а Калифорнија (или било кое друго место) не е место на кое би сакал да се преселам”, објаснил тој.


Пред да се огласи под твитот на Илон Маск, “GreenTheOnly” на друга објава за истата понуда открил дека сепак не е заинтересиран.

“Да, видов, ви благодарам. Во минатото веќе еднаш ме контактираа од Тесла. Исто така, мразам да бидам отпуштен и не би сакал да се селам, а слушнав дека Тесла има строга политика дека мора да се преселиш на места каде тие имаат канцеларии. Не можеш ни да замислиш колку би ме чинела преселбата во Калифорнија”, додал корисникот на Редит.

Останатите корисници на Твитер и понатаму пробувале да го наговорат да побара да работи од дома за компанијата.

“Не сум толку добар за да добијам сè што ќе посакам. Да им бев навистина потребен, ќе ме контактираа по некои постандардни канали бидејќи знаат кој сум јас”, напишал “GreenTheOnly”.

Работните навики на Илон Маск

Илон Маск е познат како личност која во работата се турка себеси до крајни граници. Кога работел на зголемување на производството на електричните автомобили Model 3, Маск работел до 120 часа неделно и спиел во својата канцеларија бидејќи немал време да си замине дома.


Маск изјавил дека за “преживувањето на Тесла на пазарот се заслужни болните напорни и 100-часовната работна недела на сите вработени”.

“Немаше друг начин на кој би се извело сето тоа”, навел милијардерот во интервју за “Recode”.

Според него, луѓето би требало да работат помеѓу 80 и 100 часа неделно за да го “променат светот”. Откако го прашале за четирите компании на кој е директор – Tesla, SpaceX, The Boring Company и Neuralink, Илон изјавил:

“Постојат полесни работни места, но никој досега не го променил светот работејќи 40 часа неделно”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk