Познатиот фитнес тренер открил пет чекори со кои ќе добиете рамен стомак за многу кратко време

Супермен

07/06/2019

16:50

3.984

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате брзо да ослабнете, многу веројатно испробувате разни методи кои ветуваат брзо губење на килограмите. Меѓутоа, ако вашата цел е притоа да не го исцрпите организмот, тоа мора паметно да го правите.

Фитнес тренерот Сем Вудс тврди дека можете да добиете рамен стомак и да изгледате подобро и по една недела, но мора да уживате во процесот на слабеење. 

Иако и сам вели дека промените не се случуваат преку ноќ и дека е важно да се биде реален, за почеток испробајте ги неговите пет совети кои ќе ви дадат изненадувачки резултати.

Комбинирајте HIIT тренинг и тренинг на отпор

Ако сакате да ги согорите мастите, мора да имате HIIT тренинг односно интервален тренинг со висок интензитет. Резултатот од таквите вежби е забрзан метаболизам и по завршување на тренингот.

“Покрај HIIT, додадете и тренинг на отпор со кој ќе ги обликувате мускулите”, советува Вудс.

Исфрлете ги процесираните јаглехидрати и рафинираниот шеќер од исхраната

Процесираните јаглехидрати и рафинираниот шеќер не изобилуваат со влакна, брзо се варат и им недостасуваат хранливи материи.

“Таквата храна може да предизвика пад на шеќерот во крвта и резултира со прејадување. Јаглехидратите се примарен извор на енергија, па вашето тело со намалување на нивниот внес ќе согорува повеќе масти”, појаснил Вудс.

Немојте да пиете многу алкохол

Телото го смета алкохолот за отров и секогаш ќе му биде приоритет да го согори. Проблемот е што поради тоа нема да може да ги согорува мастите или нешто друго што сте консумирале.

“Тоа станува вистински проблем кога јадете масна храна навечер, во комбинација со алкохол. Вашето тело тогаш ќе го прескокне согорувањето на мастите и ќе се обиде прво да го елиминира алкохолот. Не треба да се изостави и фактот дека алкохолот негативно влијае врз квалитетот на сонот, а и поголема е веројатноста дека поради мамурлакот ќе ја пропуштите утринската рекреација”, додал тренерот.

Јадете вистински масти

Важно е да консумирате добри и здрави масти кои нè заситуваат и го заштитуваат телото од прејадување.

Хидрирајте го организмот

Отприлика две третини од човечкиот организам е сочинет од вода. Кога телото е дехидрирано, тоа не може нормално да функционира, а истото се однесува и на метаболизмот.

“Дехидрацијата често се меша со глад поради што можеби јадете повеќе отколку што треба. Дневно треба да испиете барем два литри вода”, советува Вудс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk