Италијански модел: „Толку сум убава што луѓето мислат дека сум производ на вештачката интелигенција, тоа е фрустрирачки“

Супермен

27/03/2024

16:44

10.096

Големина на фонт

а а а

Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,7 милиони следбеници на Инстаграм и редовно ги воодушевува своите фанови со фотографиите кои ги објавува.

29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во модниот свет, од „Philip Plein“ до „Dolce & Gabbana“, а со своите следбеници често споделува фотографии кои добиваат стотици илјади лајкови.

Меѓутоа, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел направен со помош на вештачката интелигенција, пишува „New York Post“.

„За мене тоа е потполно лудо“

„Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум производ на вештачката интелигенција. За мене тоа е потполно лудо“, се пожалила Инес, која веќе со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.

„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можете да знаете кога е користен AI модел бидејќи го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео“, објаснила таа.

Мета на измамници

Покрај тоа, Италијанката објаснила дека измамниците често ги крадат нејзините фотографии и снимки, а потоа на нејзиното тело фотошопираат друго лице.

„Некој од бот-профил украл едно од моите видеа и таму добил повеќе прегледи отколку што има на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објаснила Трокија, на која не ѝ се допаѓаат АI моделите.

„Тие поставуваат невозможни стандарди“

„Некои од AI профилите што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите направени со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер детски лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучила таа.

Инаку, AI моделите во последно време се хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес, таа не е вистинска.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk