[ФОТО] Трамп одел на голф турнир со внуката: Неговите чевли биле во центарот на вниманието

Супермен

30/09/2025

10:30

935

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп стана мета на критики на социјалните мрежи поради неговиот необичен моден избор додека присуствувал на „Рајдер купот“.

Страстен голфер, Трамп бил фотографиран на пат кон турнирот, каде што американските голфери се соочуваат со Европејците, облечен во комбинација што привлекла многу погледи – црно одело без вратоврска и снежно бели голф чевли.

Пред да се качи во хеликоптерот „Марин Уан“, Трамп накратко им се обратил на медиумите за ситуацијата во Газа и обвинувањата против Џејмс Коми, но неговите обувки го украле вниманието. Со оглед на тоа дека тој присуствувал на турнирот само како гледач, а не како играч, неговиот избор на чевли многумина го сметаа за бизарен.


„Изгледа како пингвин“

Коментарите на социјалните мрежи брзо се проширија. Еден корисник на платформата Икс напиша: „Трамп носи одело и бели голф патики. Пореметен е. Оди на Рајдер Куп и не игра. Чудно“.


Друг додаде: „Да, Трамп носи голф патики. Ќе се качи на својот хеликоптер од Белата куќа до Бетпејџ“, на што одговорот беше: „Носи? Изгледа како пингвин“.

„Што е со тие бели патики? Изгледа како да продава автомобили во 1974 година“, беше друг коментар на Икс.


Чевлите ги носи поради отечени глуждови?

Но, шегите наскоро добија посериозен тон, при што некои се прашуваа дали можеби ги носел тие чевли поради своето здравје. Уште во јули, Белата куќа откри дека американскиот претседател се бори со хронична венска инсуфициенција, циркулаторно нарушување кое може да предизвика непријатно отекување на нозете и глуждовите.

Неговиот лекар, капетанот на армијата Шон Барбабела, тврди дека нема причина за паника – како што рече тоа е честа состојба кај луѓето над 70 години. Сепак, веста предизвика бура од коментари и дополнително ја разгоре дебатата за физичката кондиција на Трамп.

Бела куќа: Тој го спаси турнирот

Порано минатата недела, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, тврдела дека турнирот, кој се одржува речиси 100 години, немало да се случи без интервенцијата на претседателот Трамп.

„Во петок, претседателот ќе отпатува на Лонг Ајленд за натпреварот за голф Рајдер Куп помеѓу САД и Европа. Овој настан е еден од најголемите спортски настани во светот и немаше да се одржи оваа година без помошта на претседателот Трамп“, рече Ливит, додавајќи: „Претседателот Трамп потпиша извршна уредба минатата недела за да спречи штрајк што ќе го парализираше подрачјето на Њујорк пред турнирот“.

Коментарите предизвикаа бран потсмев, при што многумина изразија сомнеж во придонесот на претседателот. „Следната недела ќе објават дека Трамп го измислил голфот, ја открил Европа и лично го научил Тајгер Вудс како да замавнува со палка“, саркастично коментирал еден корисник на социјалните мрежи. Друг додаде: „Тој е многу скромен. Бидејќи во исто време додека го спасуваше Рајдер Купот, ставил крај на две војни, а цените на лековите паднаа за 1100%. Неверојатно“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk