Теории на заговор – аеродром кое е тајно место на масоните: Писти во облик на свастика, подземни тунели, статуа на проколнат коњ

Точка

06/02/2018

16:24

7.781

Големина на фонт

а а а

Замислете по излегувањето од авионот, во аеродромските ходници да ве дочекаат фотографии од деца од Аушвиц, мурали на војници со гас-маски, призори од психотични хорор филмови и голема сина статуа на коњ чии црвени очи светат во ноќта.

Кој не би се информирал дека пристигнал во Денвер, би помислил дека е пред вратите на пеколот, но ова е само еден обичен аеродром ... односно не до толку обичен. 

Писти во форма на свастика и логор за идниот Холокауст

Прво и основно – на тамошните жители не им било јасно зошто во Денвер се гради аеродром покрај Стејплтон кој сосема добро ја извршувал таа функција.


Второ, изградбата на бизарниот аеродром кој е отворен во 1995 година изнесувала дури 4,8 милијарди долари, а со тоа е еден од најскапите аеродроми во светот.

Трето, сè што се наоѓа во него и околу него благо речено е лудо, но дали истото е само игра на случајност или нешто повеќе од тоа?

Од воздухот со голо око се гледа дека пистите се во форма на кукаст крст. Експертите велат дека таквиот изглед на пистите не е забележан на друг аеродром во светот.


Призорите од ходниците изгледаат како да најавуваат следен Холокауст поради што многу теоретичари на заговор сметаат дека токму на овој аеродром ќе се наоѓа некој иден концентрационен логор.

Масонски тунели и тајната на бројот 33

Под аеродромот се крие цела мрежа од тунели, за која се тврди дека ги користат масоните за своите обреди и состаноци.

На аеродромот се наоѓа меморијална плоча со масонски симболи. Она што е интересно кај овој натпис е тоа што кога ќе се соберат цифрите од датумот на плочата ќе се добие бројот 33 – највисокото ниво на Слободните масони.


Морничави призори по ѕидовите

Целиот аеродром е исцртан со мурали на не толку познатиот уметник по име Лео Тангума.

На сликите од децата кои сонуваат за мирот се наоѓа и слика од нацистички војник со гас-маска, а на друг ѕид е испишана поема од починато дете во Аушвиц.



Дали ваквите призори се нормални за еден аеродром? Целиот свет вели не, а надлежните молчат.

Авторот на проколнатата скулптура починал – од скулптурата

Пред аеродромот се наоѓа навистина “убав” симбол – статуа од проколнат коњ со силно црвени очи. Велат дека тој го претставува четвртиот јавач на апокалипсата – смртта.


Авторот на статуата е Луис Хименез кој починал откако парче од скулптурата му паднало врз неговата глава.

Ова се само дел од чудните детали на десеттиот најпрометен аеродром во светот, низ кој секоја година проаѓаат околу 50 милиони луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk