Што ќе каже Викторија? Дејвид Бекам на Инстаграм флертува со познат актер

Супермен

21/09/2018

17:53

4.527

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам не е еден од оние мажи кои се плашат да дадат комплимент на друг маж.

Кога некој му се допаѓа, тоа ќе му го каже во лице или јавно на Инстаграм, како што направил и сега.

Фудбалерот не можел да одолее и го пофалил изгледот на актерот Рајан Рејнолдс, а неговиот комплимент никако не можеше да ѝ избега на јавноста.

"Боже, колку си згоден", напишал Дејвид под фотографијата од снимањето на Рајан на новиот филм, која актерот пред два дена ја објави на својот Инстаграм профил.

Дали тоа фудбалерот флертува со актерот? Изгледа дека заборавил на својата сопруга Викторија, од која со задоволство би слушнале коментар за ова, а исто така нѐ интересира што има да каже и сопругата на Рајан.

Но, нема премногу да го задеваме Дејвид, бидејќи знаеме дека станува збор за шега, иако не кажа ништо што не е вистинито, само се надеваме дека Рајан му вратил на коментарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk