"Ова изгледа феноменално": Рок ја открил својата омилена полноќна ужина

Супермен

16/10/2018

09:21

3.419

Големина на фонт

а а а

Двејн Џонсон или познат под прекарот Рок е еден од оние актери кој е "цел во мускули".

Тоа донекаде има врска и со неговата некогашна боречка кариера, но мораме да признаеме дека неговите раце, гради, рамена и се останато е изјавано до совршенство. 

И додека многумина би сакале да изгледаат како Рок, не секој има волја да вложи толкав труд и работа за да го постигне ваквото тело. Сите знаеме колку актерот вежба и колку време и енергија вложува во својот изглед, но тој освен вежбањето има и режим на исхрана до кој строго се придржува.

Сепак, токму како и секој од нас, Џонсон има денови во кои јаде што и да посака: торти, колачи, слатки, јаглехидрати и многу друго, но признава и дека ужива да го јаде она што не смее доцна навечер.

Една од неговите омилени ужини се чоколадните колачи кои ги консумира околу 23 часот, што го споделил и со неговите обожаватели на Инстаграм, како и палачинки со путер од кикирики и јаворов сируп.

Сепак, неговата последна објава на оваа тема содржела повеќе суши отколку што една личност може да изеде во текот на целата вечер.

И додека фотографијата навистина изгледа неодоливо, бројните обожаватели имале важни прашања за Двејн.

"Дали имаш личен готвач, ова изгледа феноменално", гласел еден од коментарите, додека други се запрашале колку чини ваквиот оброк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk