Изолирана од светот: Оваа современа луксузна колиба ќе ви го приушти потребниот мир

Супермен

18/10/2018

12:06

2.432

Големина на фонт

а а а

"Forest House", сместена на посед украсен со дрва од акација и елки, претставува вистински луксуз во сосема нова димензија.

Коста Есмералда во Буенос Аирес е локацијата на овој фантастичен имот, изолиран од градската средина со помош на густите дрвореди и шуми. "Forest House" може да се смета за најприватниот и најлуксузен дом во овој дел од светот бидејќи е сместен на песочна дина со падини од речиси два метри, откаде се пружа неверојатен поглед на опкружувањето низ високите и густо посадени дрвја. 


Нудејќи околу 150 квадратни метри површина и естетика слична на другите шумски ложи во близина, овој дом претставува бетонска резиденција која максимално го користи целиот достапен предел. Трите волумени се разместени долж градиентите додека просторите помеѓу нив играат улога на двор, давајќи им прилика на сопствениците интимно да се поврзат со природата.


Главната спална соба со своето приватно купатило е дефинитивно самиот врв на луксузот, а истата ја следи дополнителна спална соба како и дневна соба сместена во подножјето од домот. Електричното подно греење ќе ви пружи доволна топлина во текот на студените зимски денови, додека низ прозорците свртени кон запад ќе можете да уживате во погледот кон природната сценографија. Големата тераса која се наоѓа во северниот дел од домот го проширува заедничкиот простор, а освен креветот, софата и столицата, сите други парчиња мебел и елементи во оваа луксузна куќа се направени од бетон.

Двата уникатни материјали, бетон и стакло, се користени за комплетирање на интеграцијата на овој дом со пејсажот, а крововите се дизајнирани како зелени тераси, истовремено играјќи улога на одличен изолатор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk