Глумецот со голи раце фатил алигатор па ги налутил фановите

Супермен

19/10/2018

17:34

3.145

Големина на фонт

а а а

Двејн Џонсон на Инстаграм се пофали со нова фотографија на која седи над голем алигатор и со голи раце му ја држи устата.

Во текстот под фотографијата признал дека отсекогаш имал чуден вкус за забава, но се потсетил и на времето кога совладал друг алигатор и станал херој на соседството. 

"Се сеќавам кога на Флорида совладав еден алигатор, Големиот Берт кој одгриза седум човечки раце и 47 прсти. Моето сфаќање за забава секогаш беше дискутабилно. Сега придржете ми ја текилата, морам да си поиграм со крокодилот", напиша актерот.

Иако многумина напишале дека е "главен", не на сите им се допадна ова размислување па бројни љубители на животни го прозиваа поради однесувањето.

"Преку 100 милиони луѓе те обожуваат и следат, а помеѓу нив има и деца. Од оваа фотографија тие ќе сфатат дека таквото однесување кон животните е прифатливо. Малку размисли за твоето его", "Животните не се играчки. Те сакам, но со ова многу ме разочара", "Сигурен сум дека алигаторот не уживаше во ова", "Нема ништо што би требало да нè воодушеви на оваа фотографија. Не ми се допаѓа како се прикажуваш. Подобар си од ова", беа дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk