Имала секс во јавен тоалет со тенисерот уште на првиот состанок, а тој наводно ја оставил поради кариерата: Врелата Аргентинка не престанува да провоцира

Супермен

08/03/2019

17:26

7.583

Големина на фонт

а а а

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро во февруари минатата година ја прекина врската со аргентинската актерка и пејачка Химена Барон, а наводно причината за раскинувањето биле деловните обврски во кои Химена само му го одвлекувала вниманието, а Потро одлучил да му стави крај на тоа.

Парот во медиумите потврдил дека деловните обврски биле преголеми и дека едноставно немале повеќе време еден за друг. Пред врската со тенисерот, Химена била во брак со фудбалерот на Јувентус, Бока Јуниорс и Фиорентина, Пабло Даниел Освалдо, но тој брак бил прекинат пред страствената и бурна врска со Хуан Мартин дел Потро. 

Аргентинските медиуми пишувале дека тенисерот и пејачката уште на првиот состанок имале секс во тоалет, но Барон го демантирала тоа, токму како и приказната дека тој ја оставил бидејќи го деконцентрирала. Врската наводно била прекината откако таткото на тенисерот најмил приватен детектив да ја следи Химена, а кога таа дознала за тоа, прекинала со него.

Сега е во врска со танчерот Мауро Кајазо, но и понатаму провоцира со своите сексапилни и врели фотографии, на кои особено се радуваат нејзините 5,4 милиони следбеници на Инстаграм.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk