Актерот воодушевил со мускулестото тело на насловната страница на познатото списание

Супермен

19/04/2019

15:48

2.687

Големина на фонт

а а а

50-годишниот спортист и актер Тери Круз ја покажал својата завидна форма во новиот број на списанието “Men’s Health”. Тери преку напорните тренинзи изградил тело цврсто како карпа, а на мускулите можат да му позавидат сите мажи на негова возраст, но и оние кои се многу помлади.

Неговата тајна на успехот е добро разграден план на вежбање и како што вели тој, фактот дека не е мрзелив маж. 

Покрај големите деловни ангажмани, Тери е татко на пет деца, а во интервјуто за списанието помеѓу останатото открил и дека поради зависноста од порнографија за малку ќе го изгубел семејството. Пресвртниот момент бил кога сопругата му кажала дека го остава.

“Ако никому не ја откриете вашата зависност, таа станува сè посилна. Кога ќе ја раскажете на другите, ја губи силата. Веќе девет години не патам од тоа, но одлучив да им помогнам на оние кои се мачат со истиот проблем”, изјавил тој.

Круз раскажал дека станал зависник од порнографија уште на 12-годишна возраст и дека тоа било поврзано со траумите кои ги искусил во текот на растењето. 

Секогаш одлично расположениот актер ја стекна својата слава преку улогата на симпатичниот Јулиус во серијата “Everybody Hates Chris”. Освен тоа, глумел и во бројни филмови, а некои од нив се: “The Expendables”, “Bridesmaids”, “Terminator Salvation”, “Get Smart” и многу други. Неговото лице е познато и во рекламите за познатиот машки дезодоранс “Old Spice”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk