Сопругата на холивудскиот заводник ги руши сите табуа, а ни него не му пречи тоа што не е совршена

Супермен

26/07/2019

21:02

15.301

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Пирс Броснан е во среќен брак со Кили Шај Смит веќе 17 години. Пирс Броснан и новинарката Кили Шај Смит важат за еден од најскладните парови во Холивуд. Веќе 24 години се неразделни, а таа често го следи на неговите снимања.

Кили често е на мета на критиките на јавноста поради нејзината телесна тежина, но на Пирс тоа ни најмалку не му пречи и на секоја фотографија со неговата сопруга покажува колку многу се сакаат како првиот ден.

Парот се запознал во 1994-та година во Мексико. По седум години се венчале во Ирска. Имаат два сина, Дилан и Парис.

За Броснан важи епитетот за најзгоден и најпосакуван маж во Холивуд за кој и понатаму воздивнуваат многу жени ширум светот, а Кили веќе со години наназад се бори да ја оддржи својата телесна тежина.

Кили е втора сопруга на Броснан, актерот пред неа бил во брак со актерката Касандра Харис која во 1991-та година починала од рак.

Во тој период Пирс останал сам со три деца и тој изјавил дека тој период му бил најтежок во животот. Тогаш се посветил на своите деца и актерството, а на нова романса не ни помислувал сè до 1994-та година кога на плажа во Мексико ја запознал Кили. Според неговите зборови таа била таа која му возвратила со насмевка на лицето.

„Знам како е да се биде вдовец, но и како повторно да пронајдете љубов. Секогаш постои надеж, а животот е преполн со издигнувања и падови. Но, наспроти сето тоа, споменот за Касандра и нејзината борба со ракот никогаш нема да биде заборавена“ - објаснил во некоја прилика овој актер.

Кили во тој тежок период бил вистинска поддршка за Броснан и тоа била очигледната причина за нивниот силен брак. Таа можеби не се вклопува во холивудските стандарди и шаблони, но за него е една и единствена жена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk