Актерот Колтон Хејнс отворено пишува за своето ментално здравје на Инстаграм и истакнал дека долго, оваа социјална мрежа била одраз на она што е тој.
Колтон објавил фотографија од болнички кревет на која е далеку од “совршениот актер” како што го доживувале другите. Тоа е нешто што ретко може да се очекува од една холивудска ѕвезда.
“Не сакам мојата оставина да биде дали изгледам добро или не на Инстаграм. Не сакам да ја кријам вистината за да ги задоволам другите или да имам економски бенефит. Имам многу поважни работи кои сакам да ги кажам”, напишал тој.
Истакнал и дека многу му годи кога некој ќе му пријде и ќе му се заблагодари што неговата отвореност кон депресијата придонела и тој да побара помош, пишува “Men’s Health”. Притисокот да изгледа совршено на социјалните мрежи го зел својот “данок” кога станува збор за здравјето на Хејнс.
“Претходната година се мачев да го пронајдам мојот глас и тоа беше најдобрата борба во мојот живот. Тогаш се грижев што да објавам за да добијам што повеќе лајкови”, додал тој.
За жал, Колтон не е сам – повеќе од една третина од мажите на возраст од 18 до 34 години чувствуваат огромен притисок да изгледаат добро на социјалните мрежи, а еден од 20 бил мета на негативни коментари на интернет. Еден маж од четврорица не е задоволен од својот изглед.
За Колтон, болничките фотографии се потсетник колку треба да го цени животот.
“Ги објавив овие фотографии за да ве запознаам со мојата вистина. Ако сте во мрачен период, ветувам дека тоа нема да трае засекогаш”, заклучил Хејнс.