Пред 35 години за нивната борба во „Роки 4“ зборуваше цел свет, а со нивната хит фотографија најавија реванш

Супермен

30/08/2019

11:15

5.381

Големина на фонт

а а а

Долф Лундгрен (61) и Карл Видерс (71) се фотографирале заедно во некоја теретана во Лос Анџелес.

Во текот на осумдесеттите години на минатиот век вистински светски хит беше филмот „Роки 4“. Во ова остварување од највпечатливите сцени беше онаа кога боксерките ракавици ги вкрстиле претставникот на САД, Аполо Криди претставникот на Советскиот Сојуз, Иван Драго.

На крајот од овој натпревар победи Иван Драго кој го нокаутираше и усмрти Аполо. Како што е познато Силвестер Сталоне кој го глумеше Роки подоцна го предизвика Иван Драго и го победи.

Да се потсетиме на бобата на Аполо Крид и Иван Драго:

35 години подоцна Карл и Долф се сретнале во некоја позната теретана во Лос Анџелес и направиле заедничка фоторафија.

„Реванш во златна теретана во Венеција (дел од Лос Анџелес). Аполо изгледа опасно“ - напишал Долф Лундрген.

Еве ја и фотографијата:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk