Колумната на Бекер за ситуацијата со Новак – одекна во светот: „Тој е емотивен играч, со менталитет на уличен борец“

Супермен

10/09/2020

11:39

2.193

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, по повод ситуацијата во тенисот во која што Новак беше дисквалификуван од УС Опен, напиша опширна колумна која што одекна во планетата.

Во колумната која што ја напишал за британски „Daily Mail“, некогашниот германски тенисер се навратил на периодот кога го тренирал Ѓоковиќ, како и на советите кои што му ги давал.

Колумната ви ја пренесуваме во целост:

„Исфрлање од гренд слем за тенисер, е исто како за фудбалер кога ќе добие црвен картон на Светско првенство. Доколку го прашате Дејвид Бекам кој му е најлош момент во кариерата, убеден сум дека ќе го избере инцидентот против Аргентина во 1998-та година.

Кога некој Новак ќе го праша истото прашање за 10 години, сигурен дум дека ќе ја издвои дисквалификацијата од УС Опен, 2020-та година.

Ќе има Ѓоковиќ чувство на срам и фрустрации. Ќе плати висока цена, но повеќе ќе го боли некој друг аспект од оваа ситуација.


Дури и за мене, како некој на кој многу му значи Новак, одлуката е исправна. Не мислам дека некој сакал да го повреди, само изгуби контрола во моментот и мораше да си замине.

Сè се случи како резултат на пад на концентрација која што се случи поради неискористени три сет топки на 5:4, но сметам дека причините се подлабоки од тоа.

Според мене, Новак ја плаќа цената што се „фати“ за многу работи пред и во текот на гренд слемот, особено околу водечката улога во тениската организација.

Освојување на тениски гренд слем е многу тешко, затоа што бара фокус на целта во текот на целиот турнир и подигнување на формата додека играте против најдобрите на светот.

Тоа не е сменето од деновите кога јас играв тенис. Затоа сметам дека Ѓоковиќ премногу се оптерети, особено околу работите поврзани за новата тениска организација.

На пример, кога на Адријан Манарин во петокот му беше забрането од здравствени причини да излезе на терен, првиот рекет на светот беше тој кој го бараше гувернерот на државата за да помогне.

А, таа вечер играше свој натпревар. Поголемиот дел од играчите работата ќе ја препуштеа на својот агент или пак на некој друг, но Новак реши сам да се занимава со тоа.

Не треба себеси да си создадете дополнителен притисок во текот на гренд слемот.


Се прашувам и дали грешката беше во тоа што неговиот долгогодишен тренер Марјан Вајд беше меѓу тројцата членови од стручниот штаб на турнирот. Тој е човек кој има големо влијание на Новак, некој кој го смирува, вистинска татковска фигура - но не беше тука.

Кога бев во тимот на Ѓоковиќ, бев таму кога се случи инцидент со фрлање на рекет на Ролан Гарос во текот на 2016-та година, кој за малку ќе го погодеше линискиот судија.

Разговаравме на таа тема потоа, затоа што „за влакно“ избегна казна. Знам колкав е притисокот на големите натпревари и не може секогаш да се биде „Господин Добар“.

Му реков: „Викај колку што можеш, скрши рекет, но немој да фрлаш работи наоколу или пак да го удираш топчето на сите страни“. Се плашев дека токму вакво нешто може да му е случи.

Но, како и кај другите, некои од доблестите на Новак можат да станат негови маани.

Тој е емотивен играч, со менталитет на уличен борец. Тој оган му помогна да дојде до 17-от гренд слем трофеј.


Многу го сакам, тој е најскромниот човек меѓу сите суперстартови и секогаш повеќ мисли на другите отколку на себе. Новак е високо интелигентен и лојален на своето семејство и пријатели.

Доколку сте еден од нив, тој е тип кој може да го повикате во три часот наутро, а тој веднаш ќе дојде да ви помогне. Тој е човек за народот и сака да биде почитуван.

Игра во ера на два тениски бога, Рафаел Надал и Роџер Федерер и сметам дека генерално му пречи што не е популарен колку нив двајца.

Тоа што сега би му советувал е да се врати на основата. Призна дека направи грешка и важно е да продолжи понатаму, веднаш доколку тоа е можно, затоа што остана малку време за почетокот на Ролан Гарос.

Треба да оди дома, да разговара со својата сопруга Јелен која што најдобро го познава, да се врати на терен, да тренира и да се фокусира само на тенис.

Ролан Гарос за него отсекогаш беше најпредизвикувачкиот Гренд слем“ - напишал Бекер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk