Драстична промена: Го препознавате ли актерот на фотографијата?

Супермен

29/10/2020

10:22

3.359

Големина на фонт

а а а

43-годишниот актер важи за еден од најзгодните холивудски мажи, а многумина му завидуваат бидејќи го освои срцето на Софија Вергара, една од најубавите жени на светот.

Џо Манганиело кој беше препознатлив по својата темна коса, решил да го промени имиџот и се потстрижил – потполно кратка коса од страна, а подолга на врвот на главата. Но, тоа не е сè! Џо отишол еден чекор понапред и ја избланширал косата. 

Со оваа голема промена на имиџот, актерот се пофалил на својот Инстаграм профил, но многмина не успеале од „прва“ да го препознаат.

View this post on Instagram

G’night - #jordanonebanned

A post shared by JOE MANGANIELLO (@joemanganiello) on

Својата нова фризура, Манганиело ја „прошетал“ на роденденот на актерот Џеси Тајлер Фергусон, колега на Софија Вергара од серијата „Modern Family“.

На фотографијата која Џеси ја споделил, Џо носел заштитна маска и речиси никој не сфатил за кој станува збор сè додека сопругот на Верага не објавил фотографија без маска.

„Што ѝ направи на твојата прекрасна коса?“, „Руса коса? Зошто? Дали е ова за потребите на некој филм?!“, „Ми се допаѓа!“, се само дел од коментарите под фотографијата од Џо.

Инаку Џо и Софија важат за еден од најсексапилните холивудски парови, а во брак се од 2015 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk