Таа го освоила срцето на најдобриот играч на ЕП: Запознајте ја преубавата вереница на Џанлуиџи Донарума

Супермен

12/07/2021

23:23

9.778

Големина на фонт

а а а

Запознајте ја вереницата на МВП играчот на европското првенство - Џанлуиџи Донарума.

Синоќа Италија стана европски шампион во фудбал откако во финалето успеа да ја совлада репрезентацијата на Англија по пенал серијата, а голманот на „аѕурите“ Џанлуиџи Донарума (22) ја понесе титулата за најдобар играч на првенството.

Како најголема поддршка на младиот чувар на мрежата на италијанската репрезентација е две години постарата вереница Алесија Елефанте.

Алесија е родена 1997 година во населбата Кастеламаре Ди Стабиа во градот Наполи.

Нивната љубовна приказна започнала во 2017 година и оттогаш тие се неразделни.

Тоа што сите го забележуваат кога овој пар ќе го видат на прв поглед е големата разлика во нивната висина - околу 30-на сантиметри.

Меѓутоа, тоа нив воопшто не им пречи, па уживаат еден покрај друг и секако дека планираат брак. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk