„Plectrum“: Новата јахта од „Lazzarini Design“ студиото се движи над површина на морето

Супермен

30/01/2023

12:06

4.419

Големина на фонт

а а а

Новата суперјахта на „Plectrum“ од Lazzarini Design“ студиото е долга 73, 8 метри, а со адаптивен систем на перки може да се движи над површината на водата поради што делува како да лебди.

„Lazzarini Design Studio“ секако зазема истакната позиција во светот на концептуалните јахти. Безбројни проекти на оваа компанија често предизвикале восхитување, но и поставување на прашања дали се конструктивно изводливи или не. Секако, изгледа дека студиото не се грижи премногу за нашите сомнежи и побрзало да го претстави првиот туристички прототип за годинава.


Новата суперјахта „Plectrum“ изгледа еднакво неверојатно како и претходните модели кои излегле од дизајнерското студио. Како што фотографиите сугерираат, суперјахтата долга 73,8 метри може да се подигне да лебди над површината на водата. „Plectrum“ всушност се крева над водата и се движи со помош на три мотори коишто имаат по 5.000 KS.

Земајќи ја инспирацијата од најновата едрилица за купот на Америка, италијанската компанија сугерира дека целата јахта е направена од сув композит од јаглеродни влакна, а јахтата има максимална брзина од 75 чворови.


Што се однесува до сместувањето, „Plectrum“ е опремена со шест кабини за гости над апартманот на сопственикот. Има и хелиодром, гаража така што нејзините сопственици можат безбедно и лесно да паркираат сè, од џет-ски до автомобили.

Прелиминарниот премин исто има хелиодром и голем клуб заедно со базен.


„Plectrum“ сега ги чека оние кои ќе го трансформираат дизајнот во вистинска јахта во бродоградилиштето, а до тогаш може да дознаете повеќе на страницата „Lazzarini Design Studio“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk