Британската и холивудска ѕвезда, Том Харди, освен што е фален актер, е исто така и врвен БЏЏ борец.
Минатата година сосема случајно се дозна дека Харди ја практикува оваа боречка вештина, и тоа кога неговите фотографии од еден турнир, кој го освоил, се појавија на социјалните мрежи.
Харди сега бил снимен на џиу-џицу турнир во Италија кој се одржал минатиот викенд, а навивачите од публиката успеале накратко да ги снимат неговите потези кои делуваат многу импресивно.
Британецот бил снимен како ефектно го соборува противникот, по што го носи на партерот и таму го совладува и ги освојува поените.
Том Харди кон крајот на минатата година освои златен медал на турнир во Англија, а дури и се обидел да го скрие своето присуство со по малку „запуштен“ изглед, како и пријава под своето вистинско име, Едвард Харди, но тоа не му успеало.