Го користел мајчиното презиме за да не го препознаат: Животот на Скот Иствуд го одбележала трагедија од која никогаш не закрепнал

Супермен

31/05/2023

16:37

8.572

Големина на фонт

а а а

Актерот Скот Иствуд е едно од 8-те деца на познатиот Клинт Иствуд и второ кое филмската легенда го има со стјуардесата Џеселин Ривс.

Вистината е дека Скот не сакал да го поврзуваат со неговиот славен татко, па на почетокот на кариерата го користел мајчиното презиме за луѓето да не го препознаат.

Пред да започне да се занимава со актерство, работел како бармен, градежен работник и собар, а дури сериозно размислувал и да стане пожарникар.


Скот истакнал колку времето поминато во бар му значело во запознавањето жени и дека тоа веројатно бил „најлудиот период во неговиот живот“.

Интересно е дека бил одбиен за улога во филмот „American Sniper“ кој го режирал неговиот татко, но тој ги освои срцата на многу жени со улогата во филмот „The Longest Ride“ од 2015 година.

Трагедија која му го променила животот

И додека е навистина еден од најголемите холивудски шармери, трагичната смрт на една од неговите први девојки му го скршила срцето и до ден-денес му е многу тешко.


Зборувајќи за „GQ Australia“, Скот признал дека смртта на таа девојка е последниот пат кога тој плачел.

„Излегував со девојка пред неколку години која загина во сообраќајна несреќа. Изгубив неколку пријатели и претходно, изгубив одлични пријатели. Но, никогаш не сум изгубил некој со кој сум бил навистина интимен, знаете, на тој начин, во врска“, раскажал Иствуд.

Поранешната девојка на Скот тој кобен ден возела од Сан Диего кон Лос Анџелес откако речиси цел ден била на едно модно снимање, а во таа прилика изнајмила автомобил кој имал неисправни воздушни перничиња.

Воздушното перниче во еден момент се отворило со пресилна брзина, а металниот шрапнел ѝ се забил во вратот.

„Нејзиното воздушно перниче експлодирало и испалило проектил низ нејзиното тело кој ѝ го поделил ‘рбетот на половина“, открил актерот во една прилика.


Тој признал дека никогаш не му се јавил на нејзиниот татко за да му изрази сочувство.

„Сè уште не сум ги нашол вистинските зборови“, рекол Скот.

Таа загуба го следи до ден-денес, а иако го поврзуваат со многу девојки, тој го држи својот живот подалеку од очите на јавноста.

Строгиот татко го обликувал во човекот којшто е денес

Скот Иствуд неколку пати за медиумите зборувал за цврстиот став кој неговиот татко отсекогаш го имал кон него.

Зборувал за тоа како Клинт одбил да му позајми пари за автомобил и еднаш го удрил, бидејќи ја оставил својата 14-годишна сестра сама на забава.


Таквиот став влијаел на него, па понекогаш бил непријатен кон колегите на сетот.

„Знаете, многу луѓе повеќе не се толку воспитани. Така да е некој во состојба да ги стави под контрола и отворено да каже да престанат да се однесуваат вака или онака. Така би постапил мојот татко. Тоа малку му недостасува на денешното општество“, додал тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk