Најбогатиот човек во Европа: Кога ќе го видите неговото богатство ќе останете без зборови! Неговата компанија ја знаеме сите

Точка

22/09/2023

18:46

12.719

Големина на фонт

а а а

Бернард Арно, претседател и извршен директор на LVMH, куќата зад 75 луксузни брендови меѓу кои Диор, Луј Витон и Хенеси, заработил 5,1 милијарди долари за 1 ден.

Арно поседува 97,5% од Кристијан Диор, кој контролира 41,1% од LVMH.

Во 1984 година, тој ја купил пропаднатата компанија „Agache-Willot-Boussac“ ж, која ја поседувала француската стоковна куќа „Bon Marché“ и модната куќа „Christian Dior“. Потоа ја преименувал компанијата во „Financière Agache“ и направил пресврт, намалувајќи ги трошоците и продавајќи некои од нејзините бизниси за кои сметал дека немаат перспектива.


Набргу потоа ја купил модната куќа „Celine“ и го финансирал францускиот дизајнер Кристијан Лакроа.

Во доцните 1980-ти, Арно изјавиле дека негова цел е да ја води најголемата луксузна компанија во светот во следните 10 години. Како цел на таа амбиција тој „се залетал за“ „LVMH“, трошејќи 2,6 милијарди долари за купување акции како би станал најголемиот акционер во 1989 година, а на крајот и нејзин претседател и извршен директор.


Во 2019 година продажбата на „LVMH“ се зголемила за 17%, акциите на компанијата скокнале за 5,6% и го лансирале богатството на Арно на 99 милијарди години.

Приватен живот

Арно се оженил со Ен Деваврин во 1973 година и добиле две деца, пред да се разделат во 1990 година. Тој повторно се оженил во 1991 година со Хелен Мерсие, канадска концертна пијанистка. Тој, наводно, ѝ се додворувал свирејќи го Шопен и дела од други класични композитори.


Како и многу негови колеги милијардери, Арно живее луксузен живот. Тој патува со приватен авион, поседува огромна вила за одмор во сјајниот Сен Тропе на француската ривиера и наводно потрошил најмалку 96,4 милиони долари на станбени недвижнини во областите на Лос Анџелес и Холивуд.

Францускиот милијардер и неговата сопруга живеат на левиот брег на Париз, јужно од реката Сена, во историската област која вклучува квартови како Латинскиот кварт и Сен Жермен-де-Пре.


Во својот дом, Арно чува колекција на модерна и современа уметност, вклучувајќи дела од Жан-Мишел Баскија, Демиен Хирст, Маурицио Кателан, Енди Ворхол и Пабло Пикасо.

Арно има пет деца: две со првата и три со втората сопруга.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk