Марко Бориело кога се појавил во Милан, важел за еден од најталентираните напаѓачи во Европа, му предвидувале голема кариера, но сепак ќе остане запаметен како плејбој и љубител на хедонистичкиот живот.
Каде што е забавата и каде што се најубавите жени на светот, тука е и најголемиот заводник меѓу фудбалерите – Марко Бориело.
Напаѓачот секогаш максимално се труди да ужива во животот, којшто во раното детство не бил баш бајковит.
„Мојот татко го уби мафијата, кога имав само 10 години. Му позајми пари на еден човек од кланот Касалеси и тој тип не сакаше да му врати пари кога татко ми му ги бараше назад. Беше тоа Паскуале Сенторе, поранешен градоначалник“, со треперлив глас во една емисија раскажал фудбалерот.
Тој открил дека фудбалот му помогнал да се избори со убиството на татко му.
„Мојата мајка ме одгледуваше мене и моите двајца браќа. Фудбалот ме спаси, фудбалот ми помогна полесно да ја поднесам смртта на татко ми, поради оваа игра добив одлучност да се изборам за нешто важно во животот“, открил Бориело.
„Живеевме во Сан Џовани, таму беше најголемата конкуренција на гангстери... Не можам да кажам дека тоа беше растење како во џунгла, но не беше ни Дизниленд“.
Марко на 36 години потпишал за 15-от клуб во кариерата. Играл во најдобрите италијански клубови, како Милан, Јувентус, Рома... Бил репрезентативец на Италија, а ќе остане запаметен како најголем заводник меѓу италијанските фудбалери.
Велат дека во Италија две работи се сигурни. Првата е дека Јувентус ќе биде шампион, а втората дека Бориело ќе биде во врска со некоја убавица.
Една интересна анегдота поврзана со заводничките способности на Марко долго се прераскажува во Италија. Одеднаш му пришле пет девојки и господинот „исчезнал“ на неколку часа. Никој не знаел каде се наоѓа. После одредено време се вратил. Кошулата му била раскопчана, а косата бушава. Сведоци велат дека толку уморен не го виделе ниту по најлошите тренинзи за време на летните подготовки.
На неговиот шарм „паднала“ и убавата Србинка. Станува збор за познатата манекенка, актерка и водителка – Нина Сеничар.
Оваа Новосаѓанка имала бурна врска со италијанскиот голгетер. Врската на Марко и Нина започнала во тајност уште на почеток на 2009 година, а биле само осум месеци заедно.
„Таа врска беше основана на страст, тоа е како јака дрога од која не можев да се откажам. Поради врската ги изгубив и пријателите. Луѓето ми зборуваа дека треба да ја раскинам врската со Марко, но не знаев како. Секојпат кога ќе кажев „сега е доста“ и ќе го напуштев, поминував низ голема криза и после одредено време пак ќе го побарав. Тоа постојано беше како некое лудило и физичка привлечност, зошто доколку го одземеме сексот, ние двајца немавме ништо друго заедничко“, рекла Нина.