Откриено што носел Ѓоковиќ на градите – иновативен уред кој чини и до 2600 долари

Супермен

01/06/2023

23:35

17.675

Големина на фонт

а а а

„Плочката“ која му беше залепена на Новак Ѓоковиќ на градите во текот на дуелот од второто коло на Ролан Гарос привлече големо внимание во јавноста.

Сега се открива дека станува збор за уред наречен „Taopatch“.

Опишан е како сертифициран медицински уред кој го користат многубројни спортисти и кој комбинира најнова технологија, светлосна терапија и акупунктура.

„Уредот содржи слоеви од нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во импулси светлина. Произведената светлина се испраќа до одредени акупунктурни точки во телото, што го стимулира централниот нервен систем и му помага во процесот на комуникација со остатокот од телото. Резултатот се многу позитивни здравствени предности, од подобро, поприродно држење до подобар сон, фокус, спортски резултати, ублажување на болка и многу друго“, се наведува на официјалниот сајт на креаторот на овој уред.

„Taopatch“ станува сè попопуларен помеѓу спортистите, а со оглед на тоа дека Ѓоковиќ е секогаш заинтересиран за унапредување на својата игра, одлучил да го испроба и овој уред.

„Кога бев дете, многу го сакав Ајронмен, па сега се обидувам да го имитирам. Знаете, мојот тим употребува неверојатно ефикасна нанотехнологија за да ми помогне да бидам што е можно подобар на теренот. Станува збор за најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше тоа, не би седел тука со вас“, се пошегувал Новак.


Постојат повеќе вакви уреди, а нивната цена се движи од 280 до 2600 долари, додека на официјалниот сајт на „Taopatch“ се наведува дека во текот на претходните 7 години, повеќе од 1800 медицински работници имале прилика да го тестираат производот.

За потсетување, Ѓоковиќ утре игра против Алехандро Давидович Фокина во наредното коло од Ролан Гарос.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk